Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ангелов: Кај Богданци гори нискостеблеста шума, покрај авионите гаснеше и хеликоптерот на МВР

(Видео) Ангелов: Кај Богданци гори нискостеблеста шума, покрај авионите гаснеше и хеликоптерот на МВР

Нискостеблеста шума – грмушки и трева горат во пожарот кај Богданци, што попладнево се приближи и до ветерниците.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од местото на пожарот изјави дека и покрај дејството на двата авиони „ертрактори“ и храбрата борба на пожарникарите од Гевгелија и Валандово, како и еден пожарникарски тим од Дирекцијата за заштита и спасување, огнот се’ уште не е изгаснат.

Дејствувал и хеликоптерот на МВР, кој како што рече Ангелов бил прецизен и значително помогнал во совладувањето на пожарот.

Пожарот што избувна околу 11 часот, попладнево се засили.

Можете да прочитате

Николоски: Набавивме 49 нови специјализирани возила за комунална хигиена, најголема поддршка на Владата за општините во обезбедување на комуналните услуги за граѓаните

По повод 8 септември ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот