Утрински Весник
Магазин

(Видео) „AББA“ нема да се појават на Евросонг во Шведска

(Видео) „AББA“ нема да се појават на Евросонг во Шведска

Бeни Андерсон и Бјорн Улвеус, главните текстописци на „АББА“, ја отфрлија можноста за обединување на членовите на бендот за настап на следниот Евросонг во родната Шведска за да ја одбележат 50-годишнина од евровизиската победа.

dobivaj vesti na viber

Бендот победи на овој натпревар со песната Waterloo во 1974 година.

https://www.youtube.com/watch?v=k2IEcpmvG3g

Во интервју за британскиот „Би-би-си њузнајт“ во средата навечер, тие ја отфрлија можноста да излезат на сцената со колешките Агнета Фалцког и Ани-Фрид Лингстад за таа пригода.

Швеѓанката Лорин победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Ливерпул, што значи дека оваа нордиска земја ќе биде домаќин на натпреварот следната година.

„Не сакам и ако не сакам, нема да одат. За сите нас е исто – некој вели ‘не’, и тоа е ‘не’, ” рече Андерсон. „Можеме да прославиме 50 години од АББА без да бидеме на сцената“, додаде Улвеус.

Формирани во 1972 година, „АББА“ добија легии фанови ширум светот по нивниот триумф на Евровизија во 1974 година и нивните трајни хитови како што се Dancing Queen, Fernando и многу други.

Квартетот, кој се распадна во раните 80-ти, продаде околу 385 милиони плочи. Минатата година во Лондон се одржа концерт на дигитални аватари на членовите на бендот во верзија од 70-тите.

Бјорн Улвеус, Ани-Фрид Лингстад, Агнета Фелцког и Бени Андерсон фотографирани во пресрет на премиерната изведба на Abba Voyage во мај 2022 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста