Утрински Весник
Македонија

(Видео) 18 години затвор за возачот кој пијан усмрти дете од Велес

(Видео) 18 години затвор за возачот кој пијан усмрти дете од Велес
Ss2

Возачот Ангелчо Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор.

dobivaj vesti na viber

Судијките посочија дека во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата. За судот немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа возачот се сам се јави во позиција, а откако претходно беше во бегство. Тој бил и претходно казнуван за сообраќајни прекршоци и му била одземана возачката.

Ss1

„Признанието на вина го земавме како олеснителна околност но како придонес за полесно завршување на постапката. Не го зема како околност како позитивен став, односно судот не процени дека има искрено каење“, кажа судијката.

Судијката објаснуваше и за висината на казната.

„Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е предвидена казна од најмалку четири години, што значи дека затворот не може да биде подолг од 20 години. За неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Во однос на одмерување на санкцијата, судот нема апсолутна слобода, туку има законски пропишана казна согласно Кривичниот законик. Судот не носи закони, туку спроведува закони“, кажа судијката.

Возачот што пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова во Велес и потоа се даде во бегство призна, на првото рочиште призна вина за делото. Ангелчо Николов пред судот рече дека признанието го дава доброволно и без никаква присилба.

Сообраќајната нерсеќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, па по два дена, уапсен од полицијата. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

Видеото погледнете го тука.

Ss1

Можете да прочитате

Сто години постоење на Институтот за јавно здравје

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Вработените во прилепскиот затвор на протест, бараат да не се носат осуденици од висок ризик