Утрински Весник
Македонија

Вежба од меѓународен карактер на Криволак, учество на припадници на Армијата во меѓународни вежби

1706616956 Unnamed File.webp.webp

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната 13-та седница  ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Resolute Castle 24“ и донесе таква Одлука.

Вежбата, како што е образложено, е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Република Северна Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година и е во организација на Командата на Вооружените сили на САД за Европа и Африка. Вежбата е предвидено да се реализира на Армискиот полигон „Криволак“, во период од 12 април до 19 јули 2024 година, со учество на 270 припадници од Вооружените сили на САД и 70 припадници на Вооружените сили на Кралството Норвешка, а Армијата ќе учествува со 60 припадници.

-Полноправното членството во НАТО побарува активно учество во заедничките вежбовни активности со што се зголемуваат и одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање, во рамки на коишто е и оваа вежба, посочуваат од владината прес-служба.

Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Strike 24“ во Сојузна Република Германија и во Република Полска.

Вежбата ,,Saber Strike 24“ е во организација на Европската команда од вооружените сили на САД, на којашто покрај припадници од вооружените сили на САД, учество е предвидено да земат и претставници од Обединетото Кралство, Германија, Полска, Хрватска, Холандија, Италија, Литванија, Белгија, Шпанија и Чешка. Вежбата, според ресорното министерство, ќе придонесе за обновување на стекнатите знаења и стекнување со дополнителни знаења на персоналот на Армијата, за подготовка на единици за извршување на здружени мултинационални операции

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор