ЛА Лејкерс, Минесота Тимбервулфс и Јута Џез го договорија најфголемиот трејд оваа зима во НБА лигата. Најголема ѕвезда во овој трејд е Расел Вестбрук, покрај него уште седум играчи го сменија тимот.
ЛА Лејкерс најдоа франшиза која прифати да го земе Вестбрук и неговиот договор тежок 47 милиони долари. Во своите редови „езерџиите“ го вратија Дианџело Расел.
За Лос Анџелес Лејкерс ќе играат:
Дианџело Расел (17,9 поени, 6,2 асистенции)
Малик Бисли (13,4 поени, 3,6 скокови)
Џеред Вандербилт (8,3 поени, 7,9 скокови)
Минесота Тимбервулфс ги добија:
Мајк Конли (14,7 поени, 5,7 асистенции)
Никил Александар-Вокер (6,3 поени)
Избори во вториот круг од драфтот во 2024, 2025, 2026 (од Јута Џез)
Јута Џез ги доби:
Расел Вестбрук (15,9 поени, 6,2 скока, 7,5 асистенции)
Хуан Тоскано-Андерсон (2,7 поени, 2 скока)
Демијан Џонс (2,5 поени, 2,5 скока)
Пик на драфтот од првата рунда 2027 година (од Лејкерс).
Интересно, во оваа размена Лејкерси враќаат играч кој доби отказ пред шест години во аферата Сексгејт. Дианџело Расел требаше да биде нивната нова ѕвезда кога го зедоа како втор пик на драфтот во 2015 година, но само две години подоцна го трејдуваа во Нетс, каде го испратија и Тимофеј Мозгов, за Брук Лопез и правата на Кајл Кузма. .
Причината поради која Лејкерси се откажаа од него беше тајното снимање и објавување на видео во кое неговиот тогашен соиграч Ник Јанг призна дека ја изневерувал својата вереница, пејачката Иги Азалеа. Соиграчите потоа му свртеа грб и тој мораше да си замине.