Утрински Весник
Магазин

„Гучи“ ја оживува чантата „џеки 1961“ инспирирана од Џеки Кенеди

„Гучи“ ја оживува чантата „џеки 1961“ инспирирана од Џеки Кенеди
Img 5587

Трендовите доаѓаат и си одат, но малку парчиња го издржуваат тестот на времето, како познатата чанта „џеки“ на италијанскиот бренд „Гучи“.

dobivaj vesti na viber

Креирана во 50-тите години од минатиот век и инспирирана од Џеки Оназис Кенеди, овој модел на чанта е едно од култните парчиња на ексклузивниот моден бренд од Италија.

300x250 (7)

Преименувана во чест на поранешната прва дама, која честопати ја носеше во текот на 70-тите, елегантната чанта во форма на полумесечина имаше сосема друго име кога првпат влезе во нејзиниот плакар.

Првично наречена „Г1244“ по излегувањето во 1961 година, „Гучи“ ја преименува во чест на тогашната модна икона, која многу често се фотографира со неа.

Елегантниот стил придонесе да биде една од нејзините најомилени чанти додека живееше на Менхетн по заминувањето од Белата куќа, што неизбежно придонесе чантата да стане моден хит.

Во 2020 година Алесандро Микеле реши да ја оживее чантата. Поранешниот креативен директор повторно го претстави класичниот модел во мини опција, со прекрасни бои и разни материјали, на ревијата на „Гучи“ во Милано есента 2020 година.

Денес, познатата чанта доживува уште едно заживување. Достапна во три големини – мини, мали и средни – оние што бараат луксузна чанта треба да ги земат предвид и многуте материјали.

Доаѓа и со подолг ремен за преку рамо – кожа или синџир, кој може да се отстрани, во зависност од тоа како сакате да ја носите.

Цената на „џеки 1961“ се движи од 2.400 до 31.000 долари.

Ss1

Можете да прочитате

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон

Холивудската двојка ја прослави 36-годишнината од бракот: „Најдоброто допрва доаѓа“

Што може да предизвика утринска главоболка?