Утрински Весник
Македонија

Вештаците не се појавија на рочиштето за Ласкарци, роднините на починатите се сомневаат во правосудниот систем

Aлијансата за Албанците за „Ласкарци“ и „Беса транс“: Да се стави крај на исмејувањето со жртвите и нивните семејства

По одржани 107 судски рочишта и приближно толку одложени, роднините на загинатите во автобуската несреќа велат: „Судскиот процес оди во насока да се заборави случајот“. Ова по денешното одложено рочиште, на кое не се појавија вештаците кои требаше да го презентираат супервештачењето кое се чекаше цела година, го изјави Синиша Ристески, брат на починатиот Дејан Ристовски. Следното рочиште е закажано за четврток, но, роднините се сомневаат дека и тогаш ќе се одржи.

dobivaj vesti na viber

„По четири години од трагедијата кај Ласкарци, со 16 починати, повеќе од 30 наши сограѓани со тешки повреди и трауми до крајот на својот живот, одржани 107 судски рочишта, приближно толку откажани, супервештачење кое го чекавме повеќе од една година, и кога денеска требаше да се појават вештаците – не дојдоа. Повторно ми создава сомнеж дека овој судски процес оди во насока да се избегнат сеќавањата и да се заборави. И со тоа да не се даде можност вистината и правдата да излезе на виделина“, вели Синиша Ристески.

И натаму сите роднини кои чекаат правда за несреќата и виновниците да одговараат – посочуваат дека се сомневаат во правосудниот систем.

„Што се однесува до денешното рочиште на кое требаше да бидат вештаците и да ги објаснат своите заклучоци, иако уредно беа поканети според судечкиот совет, тие денеска не се појавија. Така што, по ова повторно се остава простор за сомнеж иако за во четврток, судот се согласија дека ќе бидат присутни вештаците, во тоа не можеме да бидеме сигурни додека не се одржи“, додава тој.

Можете да прочитате

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Таравари: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата

Лукаревска: Само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните