Утрински Весник
Спорт

Верстапен славеше и на трката за Големата награда на Кина

Vertapen.jpg
Ss2

Макс Верстапен доминираше на трката за Големата награда на Кина.

Ова беше 58. победа во кариерата за Холанѓанецот, четврта во пет трки сезонава, а прва на патеката „Шангај“.

Img 5587

Трката беше интересна, но ништо не можеше да го спречи возачот на Ред Бул на патот до нова победа.

Ландо Норис (Мекларен) заврши на второто место, со 13 секунди заостанување зад победникот. Ова е втор пат за Норис оваа сезона да се искачи на подиумот. Тој беше трет на трката за ГН на Австралија.

Трет беше вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој заостана четири секунди зад Норис.

Четвртото и петтото место ги зазедоа возачите на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Шестото место го освои Џорџ Расел (Мерцедес).

Фернандо Алонсо во Астон Мартин заврши седми, со најбрз круг на трката.

Вториот возач на Мекларен Оскар Пјастре беше осми.

Луис Хамилтон (Мерцедес) заврши како деветти, по катастрофалните квалификации во саботата.

Последниот бод го освои Нико Хулкенберг (Хаас).

Во генералниот поредок сега води Верстапен со 110 бодови, а по него е Перез со 85.

Следната трка е во Мајами за две недели.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024