Утрински Весник
Свет

Венс: Не е добро Европа да биде безбедносен вазал на САД

677z381 dzej di vens epa efe ron sachs nnn.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Не е добро Европа да биде безбедносен вазал на Соединетите Американски Држави, изјави денес потпретседателот на земјата, Џеј-Ди Венс.

„Не сакам Европејците само да прават што ќе им кажат Американците. Не мислам дека тоа е во нивен интерес, а не мислам дека е ниту во наш интерес“, рече Венс и повика на независно зајакнување на одбраната на континентот.


Венс во интервју за „Анхерд“ рече дека Европа треба да се зајакне и да работи на одбраната бидејќи повеќето европски нации немаат армија што може да обезбеди одбрана, со исклучок на Велика Британија, Франција и Полска.

Тој ги повтори критиките кон европските лидери кога станува збор за миграцијата и интеграцијата велејќи дека „европското население продолжува да бара поразумна економска и миграциска политика, а лидерите на Европа продолжуваат да одат низ овие избори и продолжуваат да им го нудат на луѓето од Европа спротивното од она за што се чини дека гласале“.

И покрај ова, американскиот потпретседател рече дека ја сака Европа иако претходно ги критикуваше лидерите на континентот во Минхен и Гренланд.

Венс исто така ги повтори критиките кон украинскиот претседател Володимир Зеленски за, како што рече, „апсурдните коментари на украинскиот лидер дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е некако на страната на Русите“ додавајќи дека овие коментари секако не се продуктивни.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп