Воспитувач снимал и фотографирал како сексуално злоставува бебе, а снимката ја споделувал и на интернет со други педофили. Тој е осуден на 24 години затвор. Томи Алингтон (25) континуирано сексуално го злоставувал бебето, изјавиле обвинителите пред судот во Велс.
Полицијата за целиот случај дознала кога на инстаграм добила разузнавачки информации за непримерни фотографии. Таа потоа го пронашла телефонот на Алингтон кој бил скриен на таванот. Алингтон симнал повеќе од 1.500 фотографии на сексуално злоупотребувани деца, од кои 252 биле класифицирани како категорија А, што значи дека ги прикажуваат најекстремните видови на злоупотреба, пишува „Дејли Меил“.
Насилникот направил и свои видеа и фотографии, што им овозможило на детективите да го идентификуваат малото момче кое било повредено. Детективите откриле дека Алингтон на Интернет објавувал слики како ја злоставува својата млада жртва, фалејќи се со тоа пред другите педофили.
Во некои од вознемирувачките разговори, Алингтон и неговите контакти разговарале за придобивките од злоставувањето на децата кога се уште се бебиња, бидејќи не можат ништо да кажат или да објаснат никому што им се случува.
Детективите го идентификувале момчето и ги контактирале неговите родители. Мајката на фотографиите и видеата го препознала синот. Судот го осуди Алингтон на продолжена затворска казна поради ризикот за децата.
Алингтон претходно се изјасни за виновен по 17 точки од обвинението за силување деца, сексуален напад, поттикнување дете за сексуална активност, поседување непристојни слики на деца, дистрибуција на непристојни фотографии на деца и поседување непристојни слики. Но тие злосторства не биле поврзани со неговата работа на училиште. Тој немал претходни пресуди.