Утрински Весник
Македонија

Велосипедист прегази жена во Охрид, и двајцата завршиле во „Свети Еразмо“

Brza Pomos.png

Велосипедист удрил во жена во Охрид. И двајцата се повредени.

– На 08.08.2024 во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Србија удрил во М.К.(43) од Црна Гора. Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити