Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Велосипедист излетал во провалија на Беласица, интервенирале струмичките пожарникари

466138467 958824969611552 5962570690312313509 N 960x720 1.jpg
Dik 300x250 mk

Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.

-Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат такви несреќни случаи.

Можете да прочитате

ЗЛАТНА ЛИРА – ФЕСТИВАЛ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

Избран изведувач за изградба на Универзална сала

Нови десет авиодестинации од Македонија зимава, најавува директорот на аеродромите