Утрински Весник
Македонија

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина

Image 2025 08 14 195821702.png

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина и тоа зголемени. Ова го изјави вечерва Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Одговарајќи на прашања околу иселувањето на младите, Велковски, во гостување на телевизија „Канал 5“ рече дека економскиот дел е важен сегмент што најмногу влијае врз едно семејство за да не се иселува. Притоа, подвлече дека економски мерки се преземаат, намалување на инфлација, отворање нови работни места особено во приватниот сектор со поголеми плати и сет други мерки во здравство, образование, детски градинки.


– Преземаме сет мерки за мотив да останат младите и да не се иселат. Веќе има резултати. Имаме стратегија во оваа смисла и за зголемување на наталитетот, рече меѓу другото, Велковски.

Во однос на питачењето, особено од страна на деца, Велковски рече имало план и конкретни чекори, за да се реши проблемот и ќе се работи и со семејствата и со децата.

Велковски истакна дека се решавал и проблемот и со недостаток на вработени во детските градинки. Упатувајќи критики за претходното работење, тој нагласи дека сега системски се постапува и со надминување на проблемот со листи за чекање при запишување деца во градинки. Се осврна и на инвестициите во изградба на нови градинки и простори за деца.

Околу жалбите за работата во одделни центри за социјални работи, тој одговори дека биле констатирани недостатоци во минатото, а инспекциите биле засилени на терен, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите. Во изминатите години, тој рече дека имало затајувања на системот, па посочи оти за една година имало придвижување.

Можете да прочитате

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување

Левица: ФЗО го скрати боледувањето на 5 дена – правата на работниците мора да бидат заштитени со закон, а не со правилник