Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Великанот Роџер Федерер објави крај на кариерата

Великанот Роџер Федерер објави крај на кариерата
300x250 opst2

Освојувачот на 20 гренслем титули, Роџер Федерер, објави крај на професионалната кариера. 41-годишниот волшебник со рекет в рака изјави дека Левер купот следната недела ќе му биде последна тениска активност во играќката кариера.

dobivaj vesti na viber

Покрај 20. „големи“ трофеи, големиот Швајцарец има вкупно 103 пехари во професионалниот тенис, од кои 27 се од највисоката категорија на АТП – „Мастерс“.

„До целото мое тениско семејство и пошироко,

Од сите подароци што ми ги даде тенисот низ годините, најголеми, без сомнение, беа луѓето што ги запознав на патот: пријателите, ривалите и најмногу од сè, навивачите.

Сакам да споделам некои новости со сите вас.

Како што многумина од вас знаат, изминатите три години се соочив со многу предизвици во форма на повреди и операции. Работев напорно за да се вратам во добра форма, но ги знам и ограничувањата на моето тело.

Пораката на моето тело е многу јасна. Имам 41 година. Имам одиграно повеќе од 1500 мечеви за 24 години. Тенисот беше подарежлив кон мене отколку што некогаш сонував, па сега морам да сфатам дека е време да ја завршам мојата професионална кариера.

Левер купот во Лондон следниот викенд ќе биде мојот последен АТП турнир. Нормално, ќе продолжам да играм тенис во иднина, но тоа нема да биде на ниво на гренслем или на машките турнири“, објави Федерер.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион