Утрински Весник
Свет

Велика Британија излезе од рецесија

Britanija London Big Ben.jpg
Screenshot

Британската економија излезе од рецесија во првиот квартал, потпирајќи се на закрепнувањето на производствениот и услужниот сектор, покажуваат статистичките податоци објавени денеска.

Бруто домашниот производ (БДП) порасна во периодот од јануари до март за 0,6 отсто во однос на претходните три месеци, најсилниот од четвртиот квартал на 2021 година, по падот во втората половина од минатата година, објави заводот за статистика ОНС во петок.

Screenshot

Техничката рецесија се дефинира како два последователни квартали на пад на активноста на квартална основа. Британскиот БДП се намали во четвртиот квартал за 0,3 отсто, а во третиот за 0,1 отсто, покажуваат податоците на заводот за статистика.

Излезот од рецесијата на почетокот на 2024 година, статистичарите го припишуваат пред се на подобрувањето во услужниот и производствениот сектор, кои забележаа раст со стапка од 0,7, односно 0,8 отсто.

„По два четвртина од контракцијата, економијата на ОК повторно порасна во првите три месеци од 2024 година“, рече директорката за економска статистика на OНС, Лиз МекКеун.

Особено силен раст е забележан во услужните индустрии, додаде МекКеун, издвојувајќи ги секторите на малопродажба, јавен и товарен транспорт и здравство. И производителите на автомобили имаа, според неа, добар квартал, но тоа беше засенето од континуирано слабите резултати во градежништвото.

„Нема сомнеж дека изминатите неколку години беа тешки, но најновите бројки за раст се доказ дека економијата закрепнува, за прв пат по пандемијата“, рече министерот за финансии Џереми Хант.

Споредено со првите три месеци од минатата година, економијата речиси стагнираше, како и на крајот на 2023 година, покажуваат податоците на OНС.

Можете да прочитате

Џенет Јелен ќе ги повика САД и Европа да дејствуваат заедно за користењето на замрзнатите руски средства

Најавен штрајк на аеродромските работници во Париз

Папата за третманот на мигрантите во САД: Тоа е лудило