Утрински Весник
Свет

Велика Британија испраќа помош во Белгија поради инцидентите со дронови

Dron.jpg
Dik 300x250 mk

Велика Британија ќе испрати експерти и опрема во Белгија за да ѝ помогне да ги спречи инцидентите со непознати беспилотни летала, поради кои привремено беа затворани аеродроми, соопшти денеска британската војска.

Минатата недела дронови биле забележани над белгиски аеродроми и воени бази, а во изминатите месеци се појавувале и во други делови на Европа.

Ричард Најтон, шеф на британските вооружени сили, изјави за BBC дека белгискиот колега побарал помош, и оти опремата и персоналот веќе се на пат.

– Министерот за одбрана и јас минатата недела се договоривме да ги испратиме нашите луѓе и опрема во Белгија за да помогнеме, рече Најтон, без да открие колку експерти се испраќаат и каква технологија ќе биде употребена.

Шефот на британската војска нагласи дека сè уште не е познато кој стои зад овие беспилотни летала, но дека Русија последниве години покажува шема на „хибридно војување“.

Москва ги отфрла тие обвинувања.

Дронови беа забележани над аеродромите во Брисел и Лиеж, поради што во вторникот многу авиони беа пренасочени.

Во четвртокот, поради дронови привремено беа затворени аеродроми во неколку држави, вклучувајќи ја и Шведска.

Германскиот министер за одбрана во петокот ги поврза неодамнешните инциденти со дронови во Белгија со дебатите во земјата за користење на замрзнатиот руски имот за заем на Украина.

Можете да прочитате

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици