Утрински Весник
Скопје

Вечерва празнување на Василица на Боемска улица

Image 1.png

Василичарите од Боемска ги покануваат граѓаните на заедничко одбележување на празникот Василица, на 14 јануари 2026 година, со почеток во 16:00 часот, на Боемска улица во Дебар Маало.

,,Оваа традиција ја започнавме во 2023 година, со цел не само да го одбележиме празникот, туку и да ја негуваме хуманоста, солидарноста и заедништвото меѓу граѓаните.

Ги покануваме сите да ни се придружат на дружење во празнична атмосфера и заедно да бидеме хумани. Сите средства собрани од продажбата на македонски традиционални јадења, греана ракија, греано вино и други производи, како и средствата од доброволните донации на граѓаните, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

Да помогнеме заедно на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си подадеме рака, да бидеме солидарни и хумани” се наведува во поканата од организаторите.

Можете да прочитате

Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Ѓорѓиевски: Започнато е површинско чистење на Вардариште

Герасимовски: 15 милиони денари за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар