Утрински Весник
Скопје

Важно, оваа улица во Буљаковец стана еднонасочна

489327552 675891388307725 3440247419547380148 n scaled.jpg

Сообраќајниот режим на улицата „Владимир Полежиновски“ на потегот од Универзална сала кон улица „Рузвелтова“ е сменет и на тој дел во тој правец таа е сега еднонасочна, објавуваат „Во одбрана на Буњаковец.

„Поставени се соодветни знаци за обврзно движење, како и забрана за движење од правец на „Рузвелтова“.


Сограѓани, внимавајте и споделете ја информацијава по комшии низ Буњаковец, оти многу луѓе со возила деновиве си се движат во забранетиот правец, можеби затоа што ни Општина Центар – Скопје ниту Град Скопје немаат објавено за оваа промена, иако знаците стојат веќе неколку дена.

За да влезете во овој дел од Буњаковец најблиски влезови се оние на улица „29 ноември“/„Костурски херои“ или кај Католичка црква од кружниот тек од бул. „Теодосиј Гологанов“ / „Иво Лола Рибар“ или кај Универзална сала од бул. „Партизански одреди“ / „Партизанска“.

При тоа, ул. „Владимир Полежиновски“ во правец на т.ц. Буњаковец останува двонасочна“ се наведува во објавата.

Можете да прочитате

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Мустафаоглу: Не барам воени тајни, барам договори – или ЈСП не е баш јавно претпријатие