Утрински Весник
Економија

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

„Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин”, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Тој додава дека во меѓувреме, заедно со Владата, бараме начин како да помогнеме на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да ја произведеме и да ја понудиме на бизнис секторот и на институциите, се со цел да помогнеме и на слободниот пазар , каде што цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.

„Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија”, истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години