Утрински Весник
Свет

Вашингтон и Токио заеднички ја зацврстуваат одбраната против Пекинг

Вашингтон и Токио заеднички ја зацврстуваат одбраната против Пекинг

Вашингтон му предложи на Токио распоредување оружје со среден дострел во Јапонија, како дел од заедничката одбрана против Кина во Источното и Јужното Кинеско Море.

dobivaj vesti na viber

Оваа информација ја пренесе весникот „Санкеи“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со американско-јапонските односи.

Во игра е и распоредувањето на хиперсонично оружје со долг дострел и ракети Томахавк, додава весникот. Како што се наведува, Јапонија е подготвена да започне сериозни разговори со САД за распоредување на оружје и е склона да го прифати предлогот.

Како можна локација за распоредување на оружјето се споменува островот Кјушу на југот на Јапонија, пишува весникот „Санкеи“.

Кјушу е на Тајван, што пак Кина го смета за своја територија и е оддалечен 1.326 километри воздушна линија.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток