Утрински Весник
Свет

Поранешниот израелски премиер добил уверување од Путин дека нема да го убие Зеленски

Поранешниот израелски премиер добил уверување од Путин дека нема да го убие Зеленски

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, на почетокот на 2022 година, беше посредник меѓу раководството на Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој во интервју за израелскиот канал 12 рече дека рускиот лидер Владимир Путин на почетокот на специјалната операција во Украина го уверил дека ништо не му се заканува на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова беше прво интервју на Бенет откако се повлече од политиката во летото 2022 година. Сеќавајќи се на своето патување во Москва на 5 март 2022 година, каде што имаше средба со Путин во Кремљ, Бенет раскажа како продолжил разговорот за судбината на Зеленски.

„Знаев дека Зеленски e загрозен. Тој се криеше во некој вид бункер за кој никој не знаеше. Но во одреден момент, по три или четири часа од почетокот на средбата, прашав: „Кажете ми дали имате намера да го убиете“, ми одговори: „ Нема да го убијам Зеленски“, а потоа му реков: „Сакам да потврдам, дајте ми збор дека нема да го убиете Зеленски“, тој ми одговори: „ Нема да го убијам Зеленски“, ја даде Бенет својата верзија за содржината на разговорот со Путин.

По средбата во Кремљ, на пат кон аеродромот, Бенет му се јавил на Зеленски и го уверил дека не е во животна опасност. Веднаш потоа, истакна Бенет, украинскиот претседател „се врати во својата канцеларија и сними видео од неговиот кабинет“ во кое објави дека не се плаши од ништо.

Според израелскиот политичар, во тој момент рускиот лидер направил голема отстапка.

„ И таа сабота Зеленски направи многу голема отстапка… Одби да влезе во НАТО. Тоа беа огромни отстапки од двете страни“, смета поранешниот премиер.

Бенет исто така истакна дека украинскиот претседател побарал од него да се обрати до руското раководство по почетокот на специјалната операција, од негова страна тоа било „молба за помош“.

„ Зеленски ми се јави и ме замоли да контактирам со Путин. Имам сè снимено… Му беше многу тешко. Не заборавајте, во тој момент беше сигурен дека деновите му се избројани, дека имале намера да го убијат” изјави поранешниот шеф на владата.

Во исто време, тој додаде дека „целосно ги координирал сите свои акции“ со лидерите на САД, Велика Британија, Германија и Франција.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади