Утрински Весник
Спорт

Вардар и Алкалоид му ја исполнија желбата на Пелистер да има ден повеќе за одмор пред финалето од Купот на Македонија

Img 2108.jpg

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го прифати барањето на Вардар и Алкалоид натпреварот од полуфуиналето во Купот на Македонија да го играат в петок наместо в четврток за да му излезат во пресрет на Пелистер кој се пожали дека ќе има ден помалку за одмор. Според првичниот распоред Алкалоид и Вардар требаше да го играат в четврток на 16. мај, а ден подоцна да се одигра дуелот меѓу Пелистер и Тиквеш. Битолчани не се согласуваа со ваквиот распоред и синоќа реагираа со жестоко соопштение упатено на адреса на РФМ. Битолчани обвинија дека е направена неправда кон нив со тоа што би имале ден помалку за одмор пред финалето закажано за в недела на 19. мај. РФМ го прифати барањето на Вардар и Алкалоид и преку соопштение ја потврди промената на термините. -Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид кои се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.
Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024: 
Натпревар : РК Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Натпревар : РК Вардар 1961 – РК Алкалоид 
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19.00 часот.
Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот“, стои во соопштението на РФМ.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ