Утрински Весник
Економија

Прометот во индустријата во март на годишно ниво намален за 10 отсто

Picture 455 660x485 1.jpg

Вкупниот промет во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани е намален за 10 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 12. 7 %,Tрајни производи за широка потрошувачка за 8. 6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5. 3 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува105.9, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, изнесува 90.9. Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2024, во однос на март 2023 година, е намален за 3. 4 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2. 9 %, Tрајни производи заширока потрошувачка за 18.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5. 2 %, додека пораст бележи кајКапитални производи за 19. 2 %. Во март годинава во споредба со февруар, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи раст од 9.6 %, додека во периодот јануари – март 2024, во однос на периодот јануари – март 2023 година, има намалување од 0. 4 %. На странските пазари, пак, во март година во однос на март лани се евидентиран пад на прометот во индустријата за 11. 5 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10. 5 %, Капитални производи за 13. 7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за5. 4 %. Прометот во индустријата на странските пазари, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е зголемен за 5.1 %, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, има пад од 11. 6%.

Можете да прочитате

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Фајненс тинк изразува загриженост за зголемување на дефицитот