Утрински Весник
Спорт

Вардар декласиран на гости кај Мелсунген

Melsungen Vardar.jpg

Ракометниот клуб Вардар 1961 доживеа убедлив пораз на гости кај Мелсунген со 34:18 (17:10) во својот втор натпревар во ЕХФ Европската лига во оваа сезона.

На теренот во Германија доминираше домашната екипа и во ниту еден момент не ја доведе во прашање својата победа.

Српскиот интернационалец Крсманчиќ беше најефикасен во редовите на Вардар со четири голови, а по три имаа македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски и Тунижанецот Ашраф Маргели.

Кај победничкиот тим, Сипош, Јонс и Торебејано во редовите на Мелсунген беа најефикасни со по пет гола.

Во рамките од третото коло Вардар 1961 на 22 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека Порто.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива