Утрински Весник
Свет

Ванг: Кина има намера да развие понатамошна соработка со Русија

Ванг: Кина има намера да развие понатамошна соработка со Русија

Кина има намера да развие понатамошна соработка со Русија на сите нивоа, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

– Кина е подготвена дополнително да ги развива своите контакти со Русија на сите нивоа и да обезбеди непречен развој на руско-кинеската соработка во сите сфери, за двете земји да можат да донесат поголеми придобивки и да обезбедат стабилност среде недостижниот мир – рече Ванг, соопшти Министерството за надворешни работи,а пренесе агенцијата ТАСС.

Тој исто така рече дека кинеската влада има намера да ја поддржи Русија во остварувањето на целите на нејзината развојна стратегија.

– Кина во иднина решително ќе ја поддржува Русија за рускиот народ под водство на претседателот Владимир Путин да ги надмине тешкотиите, да ги отстрани сите пречки и да ги спроведе целите на својата развојна стратегија, како и да постигне понатамошен напредок во зајакнувањето на статусот на Русија како сила на меѓународната сцена – додаде Ванг.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа