Утрински Весник
Спорт

Валверде од Реал прави трансфер во Ливерпул?

Валверде од Реал прави трансфер во Ливерпул?

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, би можел изненадувачки да направи трансфер во Ливерпул. Според „Ел Насионал“, Ливерпул ја зголемил понудата за Валверде на 90 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, смета дека Уругваецот би бил идеално засилување за средниот ред на Ливерпул.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, наводно размислува да ја прифати понудата.

Во сезоната 2022/23, Федерико Валверде за Реал Мадрид имаше 56 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола, со седум асистенции.

 

Можете да прочитате

Ивановски трет на Скопскиот маратон, победата ја однесе Кениецот Њороге

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Синер откажа уште еден турнир