Утрински Весник
Македонија

В среда ќе се прегласува на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Screenshot 2024 05 20 122104.png

На седум избирачки места, во петтата и шестата изборна единица, в среда ќе има прегласување за парламентарните избори. Државната изборна комисија (ДИК) одлуката за прегласување ја донесе откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби поднесени од коалицијата „Европски фронт“ поднесени против решенијата на ДИК поврзани со изборите одржани на 8 мај. Вечер на полноќ почнува изборниот молк. По направената симулација на Државната изборна комисија, ќе се прегласува на по две избирачки места во општините Крушево и Долнени, и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови. Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии. Можно е да дојде и до промена во распределбата на два мандати за пратеници. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, двајца пратеници – по еден во петката и шестката. Во шестата изборна единица, Европскиот фронт освои 9 мандати наспроти 7 на коалицијата ВЛЕН. Доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8:8. Во ИЕ5, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО-ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници, во зависност од пресметката со Донтовиот модел. Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се блиску до конечното распределување на ресорите, иако се држат во тајност разговорите откако ги утврдија принципите на делување на новата Влада. Со прегласувањето в среда, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се надева на уште еден пратеник во петката и како што вели ќе бидат обезбедени 62 пратеници во Собранието. Следната цел како што рече е две третини во Парламентот. Еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари оптимистички гледа на формирањето влада со став дека нив би требало да им припаднат шест министерски места, како и претседателското место во Собранието.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!