Утрински Весник
Македонија

Арамии во Прилеп затекнати на дело нападнале полициски службеник

Policzija.jpg

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба” од плац на правно лице од Прилеп. Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол