Утрински Весник
Македонија
Img 7972

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)

Venko krstevski.jpg
Img 7972

Венко Крстевски вчера на гостување го нападна сега починатиот Панчо од групата ДНК, дека тој како главен виновник ги донел пиротехничките средства во дискотеката и тој ги запалил, а не бил дел од обвинението, ваквото обвинување доаѓа и покрај тоа што речиси сите артисти кои настапуваа таму потврдија дека никој од нив никогаш не носел пиротехника и истата секогаш била обезбедувана од сопствениците на Пулс.

Крстевски меѓу другото во своето гостување го обвини Панчо и дека неделата пред пожарот тој донел пиротехника и во скопската дискотека каде што настапуваа, па дури и дека таму се запалил звучник поради тоа. Сепак граѓани кои биле на забавата во Скопје за нашиот медиум коментираат дека не забележале такво нешто иако стоеле пред самата бина.


На овие зборови на градоначалникот со остри зборови му се обрати и кошаркарот Перо Антич кој беше близок пријател на Панчо, а не ги штедеше ниту навредите. Тој вели Крстеваки ова го прави за предизборни политички поени!

Дали е ова нов обид да се префрли целата вина за пожарот во кој згаснаа 63 животи, на членовите на ДНК кои пак веќе се починати и очигледно не можат да се бранат?!

Можете да прочитате

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

Активирани дронови на МВР, се трага по исчезната жена