Утрински Весник
Свет

Јужна Кореја воведува нови санкции кон Пјонгјанг

Северна Кореја ги обвиниja САД за нарушување на воздушниот простор

Јужна Кореја воведе нови санкции против Пјонгјанг, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул.

dobivaj vesti na viber

Беа воведени санкции на 10 поединци и два ентитета поради нуклеарната програма на Северна Кореја и трговијата со оружје со три земји, вклучително и Русија.

Неодамна севернокорејскиот министер за одбрана, Канг Сун-нам, и Пак Су-ил, поранешен началник на Генералштабот на севернокорејската народна армија, се најдоа на списокот со санкции на Сеул против Пјонгјанг, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесува „Јонхап“.

Вкупно 64 поединци и 53 агенции од Северна Кореја се додадени на списокот со санкции откога јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јол ја презеде функцијата во мај минатата година.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина