Утрински Весник
Македонија

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени

Messenger Creation C057edff 33a7 4481 A46d 4a435c96a369.jpeg

Денес и утре (вторник) во Македонија ќе имаме вистинско пролетно и сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено утре. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време.

Од среда попладне ни следува нова голема промена на времето, и тоа поради влијание на циклон од Медитеранот. Детална анализа околу ова следува во следните наши метео објави.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата