Утрински Весник
Македонија

Ужас во Кочани, десетици млади загинаа во пожар во дискотека

Image 31.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Десетина починати млади и близу 100 повредени е првичниот неофицијален биланс по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесуваат неколку медиуми повикувајќи се на лекарски и полициски извори.

Како што извести околу 4:30 часот по полноќ локалното „Радио Кочани“, пожарот се случил утрово околу 3:00 часот по полноќ за време на концерт на групата ДНК во градот. Во гаснењето учествувале возила на Територијалната противпожарна заштита, но ниту тие ниту медицинските тимови на терен не биле ниту одблизу доволни за да ги спасат сите настрадани. Помагале цивили и со цивилни возила.


Порталот „Сакам да кажам“, пак, јавува за околу 30 починати повикувајќи се на првични информации на екипите на Дирекцијатаза заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Според тие извори на медиумот, повредени се околу 100 лица. Станува збор за млади луѓе. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјавил дека во Кочани се заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Работата на собирање на информации по што ќе дадат официјална информација.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари