Утрински Весник
Балкан

Ужас во Белград: Момче со секира уби 92 годишен човек

Policija srbija 1.jpg

Повозрасен маж е убиен утрово во центарот на Белград, а осомничен за злосторството е 26-годишник кој, според српските медиуми, останал на местото на настанот и ја чекал полицијата.

Убиството се случило околу 7 часот наутро во куќа зад старата зграда на БИП. Полицијата по пријавата веднаш испратила патрола на адресата, каде што бил затекнат осомничениот.


Според неофицијални информации што ги пренесуваат српските медиуми, младиот човек наводно го признал злосторството пред полицајците по нивното пристигнување.

Тој бил уапсен и приведен, а на местото на злосторството се присутни полициски екипи и форензичари кои ја вршат истрагата.

Истражителите ги утврдуваат околностите и можниот мотив за убиството. Неофицијално, жртвата била 92-годишен маж, очув на таткото на осомничениот.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31