Утрински Весник
Свет

УЖАС: 47 лица обвинети за смрт на новороденчиња во Истанбул, добија казна затвор од 17 илјади години

Bebe Noga 960x640 1.jpg

Во областа Бакаркој во Истанбул, денеска започна случај против 47 лица кои се обвинети за смрт на 12 новороденчиња, јави турската телевизија НТВ.

Меѓу обвинетите во судскиот процес има лекари и медицински сестри. Тие се обвинети за смртта на најмалку 12 новороденчиња, како последица на инфекции во нехигиенски услови на интензивна нега.

Обвинението било на 1399 страници, обвинетите примале бебиња на одделенијата за интензивна нега за да го искористат системот за здравствено осигурување на Турција. 22 од обвинетите се во притвор во моментов.

Обвиниението предвидува истите да бидат осудени на вкупен затвор од 17 илјади години затвор.

Покрај овие лица, одговорни за случајот се и 19 приватни болници. Случајот денеска почна подоцна поради тензии во судницата.

Можете да прочитате

Жесто руски напад на Одеса, има мртви и ранети

SWE предупредува за зимска бура и интензивни временски услови – се очекува снежно невреме

Ужас во Виена: Мајка со нож го убила сопственото четиригодишно дете