Утрински Весник
Македонија

Утрово страшната сообраќајна несреќа во Влае

Img 7828.png

Утрово булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае е затворен за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа која се случила рано утринава, а во која учествуваа две возила.

Првично нема информаци за жртви но од она што можеше да се види на терен едното од возилата беше буквално пресечено на половина од силината на ударот.

Во моментов екипи на МВР го регулираат сообраќајот на овој дел кај бензинската пумпа Макпетрол.

Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Во сообраќајната несреќа учествуваа возило ауди и шевролет спарк.

видео: телма

Можете да прочитате

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме