Утрински Весник
Македонија

Утрово раздвижено низ патиштата, но без задржувања на граничните премини

Bogorodica granica 132961.jpg

Поради летните одмори, на автопатиштата низ земјава се регистрира зачестена раздвиженост на возила. Сепак, според извештаите на Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини од наша страна не се евидентираат поголеми доцнења при влез и излез од државата.

Надвор од урбаните зони, присутно е покачено ниво на сообраќај. Движењето на возилата на државните патишта се одвива без пречки, а коловозите се повремено влажни.


Во утринското известување, Авто мото сојузот на Македонија известува дека од претходната ноќ, на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно во близина на „Сарајска раскрсница“, сообраќајот е целосно блокиран поради сообраќајна незгода.

Можете да прочитате

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

Во Сабота од пред Владата граѓански марш поради загадениот воздух

Левица: Доцни исплатата на парите за членовите на изборните одбори