Утрински Весник
Македонија

Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

Deprem haftasi konulu fotograf ve yazi odakli sade instagram gonderisi.jpg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

Трендафилов: Живееме како сиромашни работници со богати газди

Мотоциклист тешко повреден откако излетал од пат

Буџетски пари не се придонеси: време е за фер пресметка на пензиите