Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка

Vreme 4.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од 2 во Охрид.

УХМР информира дека -5 степени се измерени во Прилеп, -3 во Тетово, Штип, Виница и Куманово, -2 во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Крушево и еден степен во Претор и Гевгелија.


Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во  Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност.

Преку ден, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините.

Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Во Скопје облачно со појава на магла.

Во текот на денот ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија