Утрински Весник
Македонија

Утрото студено, преку ден променливо облачно

Vreme Magla 780x470 1 1.jpg

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Во Пелагонија во поголем дел од денот ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска. Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 1 Целзиусов степен, а максималната од 7 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата во утринските часови ќе изнесува -4 Целзиусови степени, а во попладневните 12 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 км/ч). Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 10 до 18 Целзиусови степени.

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат