Утрински Весник
Македонија

Утре за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево

Policija Mvr2.png

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца.

Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила , од утре, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле” до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот. Апелираме до возачите на моторни возила, строго да се придржуваат до овие насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализција како и насоките на полициските службеници кои, од утре ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на овој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај.


Можете да прочитате

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Нови перспективи за новото лидерство – заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов