Утрински Весник
Скопје

Утре времен сообраќај на улица „Орце Николов” во Дебар Маало

WhatsApp Image 2024 03 01 at 11.47.26 3cf9a5d9.jpg

Општина Центар во текот на утрешниот ден на 2.3.2024 година, сабота, ќе го санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов”, поради што граѓаните се известуваат дека во периодот од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот.

„Сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски” до улица „Ленинова” во една насока.Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден“ велат од општина Центар.

Можете да прочитате

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Во недела 14. издание на Авицена женска трка

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации  во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето