Утрински Весник
Македонија

Утре пред српската амбасада во Скопје ќе се одржи протест во знак на солидарност со српските студенти

Protest Novi Sad E1730828662880.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утре, 30 декември, пред Амбасадата на Србија во Скопје ќе се одржи протест за солидарност со српските граѓани. Протестот е закажан за во 12 часот, а го организира Здружението за едукативен развој Еквалис.

„Еквалис го организира овој протест за да испрати силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој со длабока посветеност сака одлучно да го симне авторитарниот режим и да побара политичка одговорност за случајот со срушувањето на настрешницата во Нови Сад во којшто беа убиени 15 луѓе, меѓу кои и еден македонски граѓанин“, велат од здружението.


Од таму велат дека на протестот солидарно ќе им се даде поддршка на студентите и студентките во Србија кои ги окупираат факултетите.

„Како држава којашто во своето демократско растење се има ослободено од авторитарноста преку Студентските пленуми, окупациите на факултетите и прогласувањето на факултетски автономни зони, нам, овој чекор не ни е непознат и нов и знаеме колку посветеност, храброст и истрајност се потребни да се застане на ваков начин во одбрана на својата држава“, додаваат од Еквалис.

На протестот ќе се прочита говорот и обраќањето на студентот Бошко Ристиќ од Нови САД.

„Ги покануваме граѓан(к)ите, студент(к)ите, младите, но и воопшто сите коишто сметаат дека, иако крајот на оваа година се ближи, не смееме да ги заборавиме оние коишто и покрај тоа продолжуваат да живеат во заробена држава“, велат од Еквалис.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари