Утрински Весник
Македонија

УТРЕ (ПОНЕДЕЛНИК) МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ КРАТКОТРАЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температури до близу 40 степени

Download 1.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, утре (понеделник) 1.7.2024 го очекуваме максимумот на овој краткотраен топол бран од Африка која ја зафати територијата на нашата Македонија.

И утре времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево.  Што се однесува до температурите, тие насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе се искачат и до близу 40 степени.

Во Скопје максималната температура утре ќе се искачи до околу 37 степени. Ув индекост и утре ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно во периодот од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Вчера на територија на цела држава изречени 807 казни за сообраќајни прекршоци

Охрид ќе добие 3,5 милиони денари за проект за затворање на нестандардната депонија „Буково“

ДУИ: Четири години од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците