Утрински Весник
Македонија

Утре почесна стрелба по повод Денот на Армијата

Armijaaa.jpg

Утре, 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден” во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Можете да прочитате

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите – власта не носи мерки