Утрински Весник
Македонија

Утре нов „Марш за ангелите“ во Кочани

Kocani.jpg

Утре, во Кочани ќе се одржи нов „Марш за ангелите“ во организација на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Маршот ќе започне во 14:05 часот од Паркот на револуцијата во Кочани, со порака да се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“.

„Нашата порака е јасна и искрена: За нашите деца. За вистинска правда. За Македонија со совест“, се наведува во повикот.

Родителите на загинатите и повредените, како и солидарни граѓани со месеци секоја сабота маршираат низ кочанските улици барајќи правда за најголемата трагедија во историјата на независна Македонија во која загинаа 63 лица, а над 200 се повредени а голем дел од нив се со трајни последици и инвалидитети.

Судскиот процес за овој случај започна минатата недела, а досега се одржаа две рочишта.

Можете да прочитате

Сообраќајот прекинат на патот Караорман – Штип поради незгода

СДСМ: Протести во Скопје за Хаг, школото на Вучиќ за дефокусирање од темата за мигрантите 

Јорданов со остра реакција за вандализмот во Штип