Утрински Весник
Скопје

Утре без струја голем дел од Скопје, исклучувања уште од 4 часот наутро

Struja1.jpg

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (26.02.2026) без електрична енергија ќе останат корисници во неколку општини.

Најраните прекини започнуваат во 04:00 часот наутро и ќе ги опфатат општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел, додека во текот на денот прекини ќе има и во Центар, Карпош и Аеродром.


Чаир: Населбите Север, Топанско Поле и дел од Чаир.

Шуто Оризари: Дел од општината.

Бутел: Населба Бутел и цел Визбегово (вклучително индустриската зона)

Центар (07:30 – 15:30 часот): Дел од бул. „Теодосиј Гологанов“, Поликлиника „Идадија“, Веро маркет, АМСМ, Клуб на пратеници и околните објекти.

Аеродром (08:00 – 16:00 часот): Дел од ул. „Тодор Чангов“, ресторан „Мирко 919“, околните маркети и објекти.

Сингелиќ (09:00 – 13:00 часот): Дел од ул. „Финска“.

Карпош (11:00 – 14:00 часот): ул. „Крагуевачка“ бр. 9.

Можете да прочитате

Делови од Кисела Вода и Центар вечерва без вода

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во н.м Марино

Бесплатна логопедска помош за децата од Аеродром