Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија, за сите“ беше во посета на Општина Илинден, каде со граѓаните разговараше за проблемите со кои се соочуваат, но и решенијата кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ како идна власт.
– ВМРО-ДПМНЕ ги започна своите теренски активности под мотото „Ова е Македонија, за сите“ . Се формиравме во 19 тима, 200 луѓе во 7000 населени места кои ќе ги посетиме во наредниве 2 месеци. Денеска ја почнавме активноста од општина Илинден, ги посетивме Ајватовци, Бунарџик и Марино, рече тој.
Љутков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди решенија за проблемите кои ги донесе оваа власт и истите ќе влезат во програмата за да може идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги реализира.
– Ги слушнавме потребите на граѓаните, ги слушнавме критиките кон оваа ненародна власт под водство на СДСМ и ДУИ но и како секоја одговорна партија им ги понудивме нашите решенија кои за скоро време на парламентарните избори ќе ги имплементираме во нашата програма и ќе тргнеме во поход со новата влада, изјави Љутков.