Утрински Весник
Свет

Јусов: Тврдењето дека Украина е поврзана со нападот во Москва немаат ништо заедничко со реалноста

Screenshot 2024 03 23 135554.png
300x250 (7)

Украина не е вклучена во тероростичкиот напад во петокот во близина на Москва и наводите за украинска врска „немаат ништо заедничко со реалноста“, изјави денеска портпаролот на киевската воена шпионска агенција. Ројтерс објави дека Андриј Јусов, од главниот директорат за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, рекол: Ова е секако уште една лага од руските специјални служби, која нема ништо заедничко со реалноста. Украина се разбира не беше вклучена во овој терористички напад. Украина го брани својот суверенитет од руските напаѓачи, ја ослободува сопствената територија и се бори со војската и воените цели на окупаторот, а не со цивилите. Руските безбедносни служби соопштија дека уапсиле четворица вооружени лица одговорни за пукањето во концертна сала во предградието на Москва, во еден од најкрвавите терористички напади во историјата на земјата. Според последните информации загинати се најмалку 143 лица, меѓутоа Рускиот истражен комитет очекува многу повеќе жртви поради големиот број тешко повредени луѓе. Директорот на руската федерална служба за безбедност (ФСБ) го информираше Владимир Путин дека 11 лица биле уапсени во врска со терористичкиот напад во петокот во салата Крокус надвор од Москва, вклучително и четворица осомничени вклучени во пукањето. Путин досега не се појавил ниту коментирал во јавноста по нападот. Исламска држава, преку поврзана новинска агенција, ја презеде одговорноста за нападот доцна синоќа во објава на Телеграм, во која тие тврдат дека вооружените напаѓачи успеале да побегнат. Американски официјален претставник изјави дека Вашингтон имал разузнавачки информации кои го потврдуваат тврдењето на Исламската држава. Од друга страна, веќе има знаци дека Москва ќе се обиде да ја префрли вината за нападот на Украина, и покрај преземањето на одговорноста од Исламска држава. Без да обезбеди никаков доказ, ФСБ денеска се чини дека го впери прстот кон Киев, велејќи дека вооружените напаѓачи биле уапсени додека се обидувале да преминат во Украина. „Тие имаа контакти од украинската страна“, се вели во соопштението на ФСБ. Киев жестоко негираше дека имал каква било вмешаност во нападот. „Украина сигурно нема никаква врска со пукањето/експлозиите во салата Крокус“, напиша на социјалните мрежи Михаило Подољак, советник на украинската претседателска администрација. „Нема никаква смисла. Украина никогаш не прибегнала кон употреба на терористички методи“.

Ss1

Можете да прочитате

Русин избодел двајца Украинци во Германија

Блинкен пристигнува во Ријад – 24info.mk

Фатена кинеска банда која фалсификувала монети од две евра