Утрински Весник
Свет

Уште еден напад со нож во Лондон: избодени три лица

Screenshot 2024 08 26 110457.jpg

Три лица се избодени со нож за време на првиот ден од карневалот во Нотинг Хил во Лондон, а едно од нив се здобило со повреди опасни по живот, соопшти лондонската полиција.

Се очекува повеќе од милион луѓе да присуствуваат на карневалот, прослава на афро-карипската култура што се одржува секоја година на улиците на Нотинг Хил во западен Лондон.

На карневалот кој завршува денеска се ангажирани околу 7.000 полицајци.

Полицијата соопшти дека во неделата уапсила 90 лица, од кои 10 се приведени за напад на работници на Брза помош, 18 за поседување оружје и четворица за сексуални деликти.

„Стотици илјади луѓе денеска дојдоа на карневалот во Нотинг Хил за да уживаат во прославата. За жал, малцинството дојде да изврши кривично дело и да се вклучи во насилство“, се вели во соопштението на полицијата.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет