Утрински Весник
Свет

Уште еден гаф на Бајден, ги помеша Камбоџа и Колумбија

Уште еден гаф на Бајден, ги помеша Камбоџа и Колумбија

Американскиот претседател, Џо Бајден, Камбоџа – која е домаќин на меѓународен самит предводен од лидерите од Југоисточна Азија, ја нарече Колумбија.

dobivaj vesti na viber

Лапсусот на американскиот претседател е само еден од многуте. На состанокот во Пном Пен, Бајден го нарече премиерот на Камбоџа премиер на Колумбија.

„Сега, кога сме повторно заедно овде во Камбоџа, со нетрпение очекувам да надградиме уште поголем напредок отколку што веќе сме постигнале, и сакам да му се заблагодарам на премиерот на Колумбија за неговото лидерство како претседавач со АСЕАН и за гостопримливоста“, рече Бајден, пренесува Ројтерс.

Бајден очигледно мислеше на премиерот на Камбоџа Хун Сен, кој во моментов претседава со 10-члениот регионален блок.

Американскиот претседател, кој на својата голема турнеја покрај самитот АСЕАН во Пном Пен и климатскиот самит COP27 во Египет, треба да учествува и на самитот Г20 во Индонезија, направи слична грешка додека неодамна разговараше со новинарите во Белата куќа.

Бајден, кој ќе наполни 80 години на 20 ноември, оваа недела изјави дека има намера повторно да се кандидира во 2024 година, а конечната одлука најверојатно ќе биде донесена на почетокот на следната година.

Повремените вербални сопнувања на Бајден и тенденцијата да се оттргне од сценариото за време на настапите во живо, неговите републикански критичари ги толкуваат како доказ дека тој е премногу стар за таа работа. Од друга страна, поддржувачите на Бајден тоа го нарекуваат стареење и велат дека претседателот, кој го надмина пелтечењето од детството, со децении има успешни јавни настапи.

Можете да прочитате

ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил- бомба на Кримскиот мост

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери